За нас
Безбеден и погоден начин за бизнисот со храна да се поврзе со добротворни организации и локалната заедница со цел насочување на донациите од вишок храна.
Вишок храна е храна што сè уште е погодна за човечка исхрана, но не стигнува до потрошувачите од различни причини, како што се погрешно обележување, прекумерно производство или прекумерна залиха, краток рок на траење или поради погрешна големина односно форма.
Едноставно решение за повеќе храна и помалку отпад
FoodSHare нуди безбеден и погоден начин за бизнисот со храна да се поврзе со добротворни организации и социјални групи од прва линија со цел насочување на донациите од вишок храна.
Откако донаторот на храна ќе се регистрира, а добротворната организација ги поставила своите преференции, има три едноставни чекори: донаторот на храна објавува детали за вишокот на производи на крајот на секој ден, со нивната локација.добротворните организации и социјалните групи добиваат известување за предмети од нивен интерес. добротворната организација се организира да ја собере храната, директно од донаторот и бесплатно. Доколку храната е погодна за компостирање или одгледување, тогаш овие групи ќе бидат известени.
Донаторите можат да закажуваат редовни текови на храна, или периодично со истата организација примател или да закажат еднократни донации на храна.
Совпаѓањата се базираат на профилите на донаторите и профилите на организациите приматели, вклучувајќи ги видот и количината на храна што тие ја донираат или им е потребна, близината и времето. На тој начин совпаѓањето се случува во реално време.
Менаџирање со вишокот храна во функција на намалување на отпадот од храна
Платформата е база на мрежата на добротворни организации и заедници кои имаат потреба од хранлива, квалитетна храна. Целта е да овозможиме полесно вмрежување на повеќе луѓе и повеќе заедници.Најдобриот дел? FoodSHare овозможува целосна транспарентност околу вишокот храна и заедниците на кои им помага. Ние нудиме едноставна, флексибилна услуга со хуманитарна цел и бесплатна поддршка, за да го прераспределат вишокот храна во пакети или да готват на лице место (во зависност од видот и количината на вишок храна).
За кого е платформата?
Едноставно кажано, платформата FoodSHare ги поздравува оние кои имаат потреба од храна и оние кои се во можност да ја обезбедат.
Донатори
FoodSHare донатори се мали бизниси или корпорации кои имаат вишок храна која не можат да ја продаваат, но треба да се ослободат од истата - земјоделци, продавници за храна, пекари, трговци на големо и мало, дистрибутери.
Приматели
Приматели се непрофитни организации или локални програми кои ја редистрибуираат храната до оние кои имаат потреба - народни кујни, СОС детско село, центри за бездомници, центри за рехабилитација и зависности, центри за дневна грижа и многу други.
Отпадот од храна е решлив проблем - еве како да го направите тоа.
Пренасочувањето на вишокот храна до добротворни организации и социјални групи во заедницата е полесно отколку што мислите. Трговците на мало, земјоделците, производителите, дистрибутерите и операторите со услуги за храна донираат храна што не е профитабилна за продажба, со краток рок на траење, прекумерна залиха, сезонска храна или оштетена на изглед.
Чекор 1
Вклучете се – потребни сте и на вашата заедница
Дали имате вишок / непотребна храна што ќе оди се фрли? Дали вашата добротворна организација бара извор на вишок свежа, хранлива храна? Пријавете се и започнете.
Чекор 2
Наведете го вишокот храна и побарајте совпаѓање
FoodSHare е изграден за да го намали отпадот од храна без никаков трошок. Додадете ставки храна со краток рок на траење. Наведете ја локацијата за подигање на вашиот вишок храна. Ние ќе ви помогнеме да го пронајдете вистинското совпаѓање.
Чекор 3
Пренасочете го вишокот, намалете го загадувањето на животната средина
Пренасочете го вишокот, намалете го загадувањето на животната средина Погледнете точно каде оди вашата донација и кому помагате. Оптимизирајте го управувањето со вишокот храна преку благовремен увид во трендовите и движењето на храната. FoodSHare е потполно бесплатна платформа наменета за индустријата за храна, невладини организации, локални добротворни организации, волонтерски организации и фондации. Отворени сме за партнерство со компании и бизниси од индустријата за храна, добротворни организации, проекти и други здруженија или асоцијации кои се подеднакво заинтересирани и посветени на проблемите со отпадот од храна и гладувањето. Можете да стапите во контакт со нас и да дознаете повеќе за најдобрите начини на соработка.
Дали е навистина бесплатно? Нема трошоци? Да!
Поддржано од Банка за храна Македонија, Македонска асоцијација на земјоделски задруги, и многу други.
FoodSHare е потполно бесплатна платформа наменета за индустријата за храна, невладини организации, локални добротворни организации, волонтерски организации и фондации. Отворени сме за партнерство со компании и бизниси од индустријата за храна, добротворни организации, проекти и други здруженија или асоцијации кои се подеднакво заинтересирани и посветени на проблемите со отпадот од храна и гладувањето. Можете да стапите во контакт со нас и да дознаете повеќе за најдобрите начини на соработка.