Проект Плутос ”Одржливи синџири на вредности за агро-храна - базирани на податоци”

WP5 Изјава за согласност

Име и организација на собирачот на податоци: Dr. Ali Zidi (azidi@hispatecanalytics.com) Grupo Hispatec.

Информиран сум дека:
1. Податоците се собираат како дел од H2020 проектот Плутос на ЕУ.
2. Податоците ќе се користат за научна анализа и објавување во рамките на проектот и за ниедна друга цел.
3. Податоците ќе бидат анализирани од членовите на проектот Плутос, а во некои случаи може да бидат анализирани од други членови на тимот, освен истражувачот кој го спроведува интервјуто/анкетата.
4. Учеството е доброволно.
5. Согласноста може да се повлече без причина во кое било време и без последици за учесникот или потреба од оправдување од страна на учесникот.
6. Учесниците можат да имаат пристап до нивните лични податоци во секое време без причина.
7. Податоците ќе бидат анонимни ако е возможно. Во случаи кога податоците не можат да бидат анонимни, до учесниците ќе бидат доставени какви било публикации во кои нивните податоци се вклучени, со цел добивање понатамошна согласност за објавување.

Ги прочитав и разбрав условите наведени во овој формулар и во информативниот лист.
Добив примерок од овој формулар.
Со потпишување на овој документ, Се согласувам да се користат моите контакт податоци за информативни цели на проектот Плутос.

Процедури за заштита на лични податоци:

Конзорциумот ПЛУТОС ја презема својата одговорност да ги заштити сите собрани лични податоци преку процесот на регистрација. Конзорциумот има развиено процедура во врска со етиката и заштитата на личните податоци. Сите засегнати страни кои го регистрирале својот интерес преку потпишување на овој формулар за согласност, се додаваат на списокот на заинтересирани учесници. Овој список може да го користат лидерите на работните пакети на ПЛУТОС за да комуницираат со сите регистрирани заинтересирани страни, давајќи му можност на секој член да учествува во проектот.

Контакт информациите на заинтересираните страни ќе останат доверливи и достапни само за членовите на конзорциумот на ПЛУТОС проектот. Заинтересираните страни можат да ги остварат своите права во врска со нивните лични податоци (пристап, корегирање, бришење) преку контактирање со член на ПЛУТОС проектот.