Често поставувани прашања

Што е платформата Foodshare?

Foodshare платформата ги поврзува донаторите на храна, примателите на храна и волонтерите, во насока на намалување на отпадот од храна. Платформата има за цел да го унапреди процесот на донирање на вишок храна и да ја олесни дистрибуцијата. Платформата е развиена како дел од проектот Плутос, финансиран од програмата Х2020 на ЕУ.

Што е вишок на храна?

Вишокот на храна се јавува во процесите на производство и дистрибуција и ја претставува целата храна што од која било причина не стигнала до крајниот корисник или не била искористена. Најчести причини за вишок храна се: скоро истекување на препорачаниот рок на траење, естетски причини, хиперпродукција и слично. Оваа храна е потполно безбедна за употреба и затоа е погодна за донирање на ранливите групи граѓани на кои им е потребна.

Кој може да донира храна?

Донатори на храна можат да бидат производители на храна, фарми, дистрибутери, трговски ланци и други компании кои произведуваат, дистрибуираат или продаваат храна. Членовите на секторот HoReCa (хотели, ресторани, кафулиња) се исклучени како можни донатори на храна во согласност со законодавството на Република С. Македонија.

Кој може да биде примател на донации на храна?

Приматели на донации на храна можат да бидат народни кујни, банки за храна, фондации и други организации кои се занимаваат со хуманитарна работа. Овие организации потоа ќе ја дистрибуираат донираната храна до членовите, локалната заедница и другите ранливи категории на граѓани.

Кои се волонтерите?

Foodshare волонтери се поединци или организации кои поддржуваат донации на храна или други активности организирани преку платформата Foodshare. Без разлика дали тоа е поддршка за транспорт на донираната храна или учество во настани за собирање на храна, сите се добредојдени да се придружат.

Зошто да се регистрирам како донатор?

Платформата FoodSHare дава можност за автоматизација и подобрување на постојните процеси во доменот на донации на храна. Со користење на оваа едноставна и бесплатна алатка ќе заштедите време, пари и други ограничени ресурси. Со донирање на вишок храна, помагате на локалната заедница и нејзините најранливи членови, ја зголемувате општествената одговорност на вашата компанија и ја заштитувате животната средина со намалување на количината на уништена храна.

Зошто да се регистрирам како примател?

Платформата FoodSHare овозможува брз и лесен начин за донирање на храна. Дневната растечка база на донатори на храна обезбедува можности за донации од разни видови храна, како и еднакви можности за сите хуманитарни организации на територијата на Република С. Макеоднија, без оглед на нивната големина, поврзаност и географска локација.

Како функционира платформата?

По регистрирањето на платформата, донаторите, примателите и волонтерите можат директно да комуницираат едни со други. Донаторите на храна можат да понудат донации на храна, додека примателите можат да ги видат тековните понуди за храна за кои можат да аплицираат, а волонтерите можат да ја дадат својата поддршка во сите активности. Сите регистрирани корисници ќе добиваат известувања по е-пошта за нови понуди на храна и други активности објавени преку платформата FoodSHare. Сите тековно активни донации ќе бидат достапни на страницата за Донации на платформата FoodSHare.

Како се доделуваат донациите?

Донаторот го задржува правото на избор на примател(и) на кој ќе му биде доделена донацијата. Во случај кога донаторот експлицитно не го нагласува својот избор на примател/и, донацијата ќе се додели врз основа на најбрзата апликација.

Дали платформата Foodshare е целосно бесплатна за употреба, и кои се обврските на донаторите, примателите и волонтерите?

Foodshare платформата е потполно бесплатна за употреба. Сите корисници можат да се регистрираат на платформата без дополнителни трошоци. Со регистрацијата корисниците на платформата не се обврзуваат на одредена фреквенција или количина на донации, но можат да ја користат платформата како потполно бесплатна алатка за понуда и барање на донации од вишок храна.

Што се настани?

Донациите на храна ќе бидат проследени со повремени активности за собирање храна. Овие настани вклучуваат масовни донации, донаторски вечери, теренски активности за собирање храна и други настани што ја поттикнуваат општествената одговорност и донациите на храна.

Како да се регистрирам на платформата Foodshare?

1.Внесете ја вашата адреса за е-пошта и посакуваната лозинка.
2.Изберете ја вашата држава (Србија или Северна Македонија).
3.Изберете го вашиот префериран јазик (српски, македонски или англиски).
4.Изберете ја посакуваната улога (донатор, примател, волонтер).
5.По регистрацијата, ќе добиете порака за верификација, потврдете ја адресата на вашата е-пошта со кликнување на линкот во пораката.
6.Откако ќе ја потврдите вашата адреса за е-пошта, администраторот ќе ве контактира за да одобри регистрација на вашата корисничка сметка.

Би сакал да донирам храна преку платформата Foodshare. Како да направам донација?

1.Одете на страницата „Мои донации“.
2.Кликнете на иконата „+“ во горниот десен агол на екранот (Додадете нова донација).
3.Пополнете го образецот.
4.Во полето „Наслов на донацијата“ внесете краток опис на донацијата (Пример: „Компанијата XX донира: Производ XY“).
5.Во полето „Опис на донацијата“ детално опишете ја донацијата.
6.Изберете дали е можно да се подели донацијата на неколку различни приматели.
7.Наведете го препорачаниот рок на траење на храната.
8.Наведете дали е обезбеден транспорт за донираната храна.
9.Кликнете на „Зачувај“.
10.За да додадете информации за количината и видот на храна која сакате да ја донирате, кликнете на „Спецификација на понудената храна“ од иконите на левата страна од вашата донација.
11.Внесете го видот на храна, единица мерка, количина и опис. Внесете други податоци поврзани со количината (број на производ, број на пакет, број на палета). Кликнете на „Зачувај“.
12.Ако сакате да додадете примател, кликнете на иконата „Додај/Избриши примател“. Изберете го вашиот примател од списокот на приматели. Кликнете на „Додај ги избраните приматели“. Затворете го прозорецот.

Ја заборавивте вашата лозинка?

1.Одете на страницата за најавување „Логирај сеˮ.
2.Kликнете на „Ја заборави лозинката?“.
3.Внесете ја вашата е-пошта поврзана со вашата сметка на Foodshare платформата.
4.Проверете го вашето сандаче. Кликнете на линкот испратен на вашата адреса за е-пошта.
5.Внесете ја вашата е-пошта повторно во образецот.
6.Внесете ја вашата нова лозинка.
7.Потврдете ја вашата нова лозинка.
8.Најавете се со вашата нова лозинка.