Проект Плутос ”Одржливи синџири на вредности за агро-храна - базирани на податоци”

(WP5) – Пилотирање, Валидација и Оценување на Иновативните пристапи

ИНФОРМАТИВЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИК

Dr. Ali Zidi
Адреса: Avenida de la Innovación 1, Ed. Cajamar. 4th floor, 04131, Almería. Grupo Hispatec Informática Empresarial.
Е-пошта: azidi@hispatecanalytics.com
Телефон: +34 664 070 950

Почитувани,
Во име на тимот на проектот Плутос, Би сакал да ве поканам да учествувате во истражувачка студија. Пред да одлучите да учествувате, треба да разберете која е целта на проектот и кој може да биде вашиот потенцијален придонес, со оглед на вашето искуство и знаење во врска со темата на проектот.

ПРОЕКТ ПЛУТОС

Проектот Плутос е финансиран од ЕУ и претставува иновативна акција во Европа (33 партнери од ЕУ и земји што не се членки на ЕУ) која се фокусира на ребаланс на синџирот на вредности во земјоделско-прехранбениот систем и негово трансформирање во корист на општеството и животната средина.

Во контекст на проектот, ќе бидат лансирани 11 пилоти за Одржливи иновации, каде што со помош на мулти-актерски пристап ќе се имплементираат нови иновативни решенија и методологии, ќе бидат тестирани, евалуирани и од нив ќе произлезат практични лекции.

11-те пилоти опфаќаат голем опсег на земјоделско-прехранбени екосистеми низ 13 земји:
1. Поддршка на синџирот на вредности на замрзнато овошје со мали земјоделци, за оптимизирање на производството, намалување на стапката на негативни ефекти врз животната средина и искористување на податоците за сертификација и субвенции.
2. Подобри договори во синџирот на храна за унапредување на производството на тврда пченица.
3. Овластување на потрошувачите со враќање на нивна контрола врз храната и создавање здрави, одржливи и фер производи за трговија.
4. Решенија за следливост што го опфаќаат синџирот на вредности на оранжериите за хортикултура со цел подобрување на работењето, перформансите, одржливоста и препознавањето на брендот.
5. Паметно земјоделство на рурални фарми, претставувајќи ги бенефитите во пошироката земјоделско-прехранбена заедница и ко-креирајќи нови прехранбени производи и услуги.
6. Примена на пристап за пасош на почва, на задоволство на земјопоседниците/корисниците и прецизно земјоделско решение за унапредување на здравјето на почвата и одржливоста.
7. Поддршка на производителите на вино во искористување на промените во регулативите за етикетирање и подобрување на нивните перформанси за одржливост.
8. Земјоделство со јаглерод: компензација на земјоделците за климатско управување со почвата.
9. Олеснување на трансферот на вишок храна од фармите до социјално загрозените групи, со усогласување на логистиката и процесите.
10. Зголемување на одржливоста во секторот на лозови насади со воведување плаќања за обезбедување на екосистемски услуги и параметарско осигурување за поддршка на загубите од одржливите пристапи.
11. Подобрување на одржливоста на Балеарските земјоделско-прехранбените синџири со паметно земјоделство и со користење на собраните информации за организирање на активности во агро-туризмот.

Повеќе информации за проектот Плутос можете да најдете на следниот линк.

ЗОШТО СТЕ ПОКАНЕТИ ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Поканети сте да учествувате во оваа студија затоа што партнер на проектот Плутос ве номинирал како значаен чинител во синџирот на вредности за агро-храна со експертиза и/или интерес за иновации и одржливост. Вашите сознанија и знаење се вредни и можат да помогнат за подобро да се развие рамка за одржлива иновација која ќе биде тестирана во специфичните пилоти. Ова исто така ќе ни помогне за подобро разбирање како може да се постигне успешна одржлива иновација преку соработка со повеќе различни учесници.

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ?

Главната цел на оваа покана е да учествувате во „Отворени денови на Плутос“ предвидени во проектот. Тие ќе бидат 3-дневни настани, поврзани со пилотите, каде ќе се одржат мултидисциплинарни панели со претставници од здруженија на земјоделци/индивидуални земјоделци, земјоделско-прехранбената индустрија, агро стартап компании, носители на политики/ одлуки, научната заедница, даватели на ИТ услуги, како и претставници на здруженијата на потрошувачи и генералната јавност, и притоа ќе се споделува практично знаење, ќе се презентираат активностите активностите и резултатите на пиолотите, но исто така сите учесници ќе може да ги искажат своите ставови и искуства и да разменат мислења, со цел да може да се направат соодветни проценки и да се утврди соодветен начин за решавање на проблемите присутни во синџирите на вредности за земјоделско-прехранбени производи. „Отворени денови на Плутос“ ќе се одржуваат на локациите на пилотите двапати во времетраење на проектот. Активностите се планираат да бидат со физичко присуство, но ќе биде возможна и онлајн опција. Со учество во овие активности, ќе можете да добиете информации од прва рака за активностите на пилотите што ќе се спроведуваат во текот на целиот проект.

КОИ СЕ ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ БЕНЕФИТИ?

Вашето учество ќе ни помогне подобро да го разбереме процесот на одржлива иновација во синџирот на вредности за земјоделско-прехранбени производи и да го искористиме ова знаење за да влијаеме на процесот на креирање политики со цел да го подобриме законодавното и институционалното опкружување за одржлива иновација во иднина, и на национално ниво и на ниво на ЕУ. Покрај тоа, проектот Плутос ќе произведе - врз основа на пилот-искуствата и придонесите на засегнатите страни - голем број детални практични водичи за поттикнување на процесот на одржлива иновација и учење за заинтересираните потенцијални партнери. Покрај тоа, резултатите од студијата ќе бидат презентирани на национално и меѓународно ниво, со што ќе се осигураме дека знаењето и стручноста на учесниците ќе бидат корисни за другите. Како учесник, ќе имате пристап до овие јавни информации, пред кој било друг заинтересиран субјект.

ДОВЕРЛИВОСТ, ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ И ПРАВА

Во согласност со политиката на ЕУ (Општа регулатива за заштита на податоците), заинтересираните страни и учесниците ќе го задржат правото да ги повлечат од анализата сите информации што се претходно дадени, ќе го задржат правото да ги видат своите лични податоци и да добијат информации за нивната употреба, ќе го задржат право да добијат примерок од зачуваните податоци и ќе го задржат правото да побараат бришење на нивните податоци. Сите обезбедени податоци ќе се користат исклучиво за целите на проектот Плутос, ќе бидат уништени во рок од 1 година по завршувањето и нема да бидат предмет на каква било форма на маркетинг.

КАКО ДА ГО ПОТВРДИТЕ УЧЕСТВОТО

Вашето учество во оваа студија е доброволно и може да се повлече во секое време. Формулар за согласност го придружува овој информативен лист за учесникот. Од вас се бара да потпишете примерок од формуларот за согласност доколку се согласите да учествувате во оваа студија и да ми го вратите. Ви благодариме за учеството во оваа студија. Ако имате било какви прашања во врска со оваа студија или прашања за вашата улога или права како учесник во истражувањето или сакате да поднесете приговор во врска со оваа студија, контактирајте ме .

Dr. Ali Zidi – Project Manager, Almería, Spain