Изјава за политика за приватност

Платформата FoodSHare е посветена на приватноста на корисниците. Политиката за заштита на поединците во однос на обработката на личните податоци од страна на Платформата FoodSHare се заснова на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на Република Србија, број 87/18 и Службен весник на Северна Македонија, број 42/20). Законите се моделирани според и во голема мера во согласност со одредбите на Општата регулатива за заштита на податоци на ЕУ (GDPR). Според овие Закони, мора да се даде претходна согласност за обработка на лични податоци за една или повеќе специфични цели. Платформата FoodSHare има за цел да ги насочи и координира вишоците донации од храна од оператори со храна (т.е. донатори) на непрофитни организации и заедници кои обезбедуваат храна директно на луѓето кои имаат потреба. За да го направиме ова ефикасно, ние користиме лични податоци регистрирани во профилот/ сметката за најавување. Ние придаваме големо значење на внимателното постапување со вашите податоци.

Кој може да ги види вашите податоци?

Сопственик на порталот FoodSHare и контролор на вашите податоци е FOODSCALE HUB ENTREPRENEURSHIP AND INNOVATION ASSOCIATION, со седиште во Белград, Србија, на ул. Цар Душан бр.18. За да стапите во контакт со Foodscale Hub, можете да испратите е-пошта на info@foodscalehub.eu. Кога сте регистрирани на Платформата, вашите податоци се споделуваат со други регистрирани корисници, кои исто така можат да бидат комерцијални страни. Платформата FoodSHare може да обезбеди врска до страници на трети страни. За да користите содржина од трети страни на нашата веб-страница и портал, можеби ќе треба да ги прифатите нивните специфични услови, вклучувајќи ги и нивните политики за колачиња врз кои немаме контрола.

Зошто ни се потребни вашите податоци?

Нашата цел е да го олесниме склопувањето средби и споделување на информации помеѓу сите регистрирани корисници на FoodSHare. За да го олесниме ова, потребни ни се податоците регистрирани на вашата профилна сметка.

Што ќе направиме или нема да направиме со вашите податоци?

Вашите лични податоци ќе се користат само во контекст на платформата FoodSHare и проектот Плутос “Одржливо земјоделство и синџири на вредности за храна базирани на податоци” (GA Nº 101000594). Foodscale Hub вложува максимални напори да ги заштити вашите податоци. Само регистрираните страни ќе можат да ги прегледуваат податоците што ги пополнувате. Нерегистрираните страни нема да имаат пристап и вашите податоци нема да бидат продадени на трети страни.

Како ќе ја користите нашата Платформа?

Кога се регистрирате во порталот FoodSHare, треба да имате најмалку 18 години. Без дозвола, нема да испраќате лични податоци добиени преку Платформата до трети лица. Исто така, свесни сте дека другите регистрирани страни на Платформата можат да ве контактираат.

Кои податоци ги собираме?

За да имаме целосно функционална платформа, ги зачувуваме следниве типови на податоци за вас:

Компании

  • Име и презиме
  • Телефонски број
  • Е-пошта
  • Позиција
  • Име на организацијата
  • Вид на организација
  • Адреса на организацијата
  • Дали вашата организација веќе донира храна? Да / Не
  • Колку храна донирате месечно
  • Просечната вредност на донираните производи
  • Дали храната што ќе се донира е наменета за конзумирање или за компостирање?
  • Вид и количина на храна што ќе се донира

Организации

  • Име на организацијата
  • Адреса на организацијата
  • Име на контакт лице
  • Титула на контакт лице
  • E-пошта на контакт лице
  • Телефонски број на контакт лице
  • Категорија што најдобро ја опишува организацијата
  • Дали луѓето јадат оброци на лице место
  • Краток опис на работењето на организацијата и како обезбедува храна за лица кои имаат потреба
  • Број на корисници за кои организацијата обезбедила храна во текот на претхдоната година
  • Вид на храна за кој организацијата има највеќе потреба
  • Количина на донации на храна што ги прима организацијата
  • Колку често организацијата прима храна

Волонтери

  • Име и презиме
  • Телефонски број
  • Е-пошта
  • Дали волонтерот е дел од организација или индивидуа
  • Ако да - име на организацијата и вид на организацијата
  • Адреса на организацијата или лична адреса
  • Дали волонтерот има возило што може да се користи за транспорт на храна
  • Дали волонтерот ќе учествува редовно или еднократно кога е достапен

Дали користиме колачиња?

Оваа платформа користи веб-аналитичка услуга обезбедена од Foodscale Hub. Колачињата (мали текстуални датотеки зачувани локално на вашиот компјутер) се користат за да се анализира начинот на кој луѓето го користат овој портал. Собраните информации, вклучувајќи ја и вашата IP-адреса, ќе бидат зачувани на серверите. Foodscale Hub ќе ги искористи овие информации за да генерира извештаи за употребата на платформата. Foodscale Hub ќе ги сподели собраните информации со трети страни само кога тоа е законски побарано. Вашата IP-адреса нема да се комбинира со други веб-страници или други извори на податоци достапни на Foodscale Hub.

Кои се вашите права?

Имате право да пристапите до вашите податоци и / или да ги подобрите, да ги дополните, да ги избришете или да блокирате одредени делови од нив во секое време. Исто така, можете да ја повлечете вашата согласност во секое време доколку обработката на податоци се заснова на согласност, како што е опишано погоре. Доколку не се согласувате со начинот на кој Foodscale Hub постапува со вашите податоци, секогаш можете да побарате дополнително појаснување. За прашања во врска со оваа изјава за приватност и колачиња, контактирајте не на info@foodscalehub.com. Условите на оваа изјава за приватност и колачиња може да се ажурираат без претходно известување. Измените се ефективни веднаш штом ќе бидат објавени на веб-страницата. Оградување Foodscale Hub е одговорен за целокупната изработка и ажурирање на оваа Платформа, но не може да гарантира комплетност, сигурност и точност на списоците за донации. Foodscale Hub нема усвоено или на кој било начин одобрено ниту еден став од неговите корисници, и изјавите не треба да се сметаат како ставови на Foodscale Hub, освен во случаи каде што е наведено поинаку. Foodscale Hub не гарантира точност на податоците вклучени на овој портал, ниту презема одговорност за донациите прикажани на Платформата. Foodscale Hub не презема одговорност или на кој било начин учествува во трансферот и логистиката на донациите за вишок храна наведени на Платформата.

Како се доделуваат донациите?

Донаторот го задржува правото да избере на кој примател/приматели ќе му/им биде доделена донацијата. Во случај кога донаторот експлицитно не го потенцира својот избор на примател, донацијата ќе биде доделена врз основа на најбрзата пријава (принцип „прв дојден, прв услужен“).